Утрово проверивме колку граѓаните на Скопје (не) го почитуваат Денот без автомобили.
Снимките ги направивме околу 9 часот на повеќе локации во главниот град.
Денот без автомобили е дел од Европската недела на мобилност во која оваа година покрај Скопје се вклучени уште 12 други македонски градови.
Целта на оваа кампања е да го подобри јавното здравје и квалитетот на животот преку промовирање чиста мобилност и одржлив урбан транспорт.
Европската недела на мобилност трае до 22 септември и се одбележува во 2.952 градови во 48 држави.