ЈСП ги враќа билетите за едно возење по цена од 50 денари  

Во автобусите на ЈСП „Скопје“ повторно ќе можат да се купуваат билети од едно возење, овој пат ќе чинат по 50 денари. Истите ќе можат да се купат и кај приватните превозници. Билетите ќе бидат пуштени во промет од 1 ноември.

Ваква одлука денеска беше донесена во Советот на Град Скопје.

Од Град Скопје образложуваат дека, во моментов, картичката „Скопска“ може да се надополнува само во билетарниците на ЈСП „Скопје“ и трафики.

„Граѓаните кои ретко го користат јавниот превоз или се од другите градови, а во Скопје доаѓаат по потреба, мора да набават неперсонализирана картичка или да платат со мобилен телефон. Во најнеповолна ситуација се туристите, кои не можат да ги користат сегашните опции на јавен провоз, односно не можат да купат карта во автобусите“, се вели во образложението на одлуката од градоначалникот Петре Шилегов.