По повеќе од половина година натегање, конечно и се најде место на скулптурата „Риба“. Утрово работниците ја поставуваа во паркчето спроти Олимпискиот базен во Скопје, откако претходно беше дислоцирана од тревникот кај Бристол бидејќи им пречеше на новите згради кои тука допрва никнуваат.
Сулптурата од октомври минатата година, па се до март годинава беше буквално фрлена на тревникот каде што сега се поставува. По реакцијата на граѓаните, надлежните ја засолнија на два месеци, за денеска повторно да ја вратат назад.
Скулптурата „Риба“ спроти хотелот Бристол беше поставена во 2009 година како дел од проектот на Министерството за култура за разубавување на центарот на градот со 35 нови скулптури. Проектот тежеше околу шест милиони евра.
Еве што утрово забележаа нашите репортери.