Организацијата Светулка НОРА направи листа со предмети за луѓето кои во зима немаат свое постојано домување. Тие ги повикаа граѓаните да се вклучат во акцијата „Безбедна зима“ и да донираат:
1. Шушкавец/јакна
2. Ранец
3. Дебели чорапи
4. Греачи за раце
5. Ракавици
6. Капа
7. Кабаница за дожд
8. Џебна батериска ламба
9. Метална чаша за чај/напиток
10. Несесер (витамини, влажни марамици, шумливи таблети, ќесички за чај, за жени – влошки)
Покрај ова, ги повикуваат граѓаните да споделат практична, не прескапа и ефикасна идеја што би ги згреало бездомните лица.
Сите информации се достапни на следниот ЛИНК.