Во интернет сферата има нов предизвик – #TetrisChallenge. Станува збор за предизвик во кој итните служби како полицијата, пожарната и Брзата помош ги претставуваат алатките што ги користат и самите вработени.
Предизвикот брзо се прошири на социјалните мрежи, па фотографии пристигнуваат од целиот свет. Се приклучија и волонтерите на Црвениот Крст на Северна Македонија, а од Балканот најпопуларна фотограгија имаа хрватските пожарникари.
#TetrisChallenge започна пред еден месец кога полицискиот оддел на швајцарскиот кантон објави фотографија од целосна полициска опрема на нивната фејсбук-страница.