Неславната контролна соба на Реакторот 4 од Чернобил отсега е отворена за туристи со специјални одела

Нуклеарната централа Чернобил доживеа огромен раст во бројот на туристи последниве години, делумно и како последица на зголемената популарност на таканаречениот „темен туризам“.

Сега, посетителите на ова место во Украина ќе можат да влезат и во контролната соба каде се случила нуклеарната несреќа, потврдиле за Си-Ен-Ен компании кои ги прават туристичките посети во Чернобил.

Сепак, оние кои ќе сакаат да влезат во високо радиоактивната локација на неславниот реактор 4 ќе добијат специјални бели заштитни одела, шлемови и маски за време на нивната куса посега. По излегувањето, посетителите ќе мора да поминат два радиолошки тестирања за да се измери колку биле изложени на зрачењето.

Овој потег доаѓа како иницијатива на владата на Украина за зголемување на туризмот на оваа локација, откако претседателот Волдимир Зеленски во јули потпиша указ со кој Чернобил беше прогласе на официјална туристичка атракција.

„Мораме да и дадеме нов живот на територијата на Украина. Досега Чернобил беше негативен дел од брендот на Украина, време е тоа да се промени“, рекол тогаш Зеленски.

Интересот за посети на локацијата, каде во 1986 година се случи нуклеарната катастрофа, особено порасна по серијата „Чернобил“ на ХБО во која се драматизирани настаните кои следувале непосредно по експлозијата во реакторот.