Предавање на Марк Басин во МСУ

Во Музеј на современа уметност на 7 октомври (понеделник) од 19 часот ќе се одржи предавањето на Марк Басин – „Политизација на пејсажот“, кое се однесува на семантичките потенцијали на уметничкото прикажување на природата за време на соцреализмот во Русија.

„Ова подразбира дека покрај темите на индустриската обнова и општетствената трансформција, природата претставува една од главните преокупации на уметниците, особено во периодот од 1930-тите до 1950-ти, кога ‘Сталинистичката политичка естетика’ тврди дека политичките и општествените вредности можат да се пренесат преку сликите на пејзажот“, стои во најавата за настанот во МСУ.

Инаку, Марк Басин е професор на на Универзитетот Содерторн во Стокхолм и визитинг професор на универзитетот Упсала, како и соработник на Шведскиот институт.

Неговите истражувачки интереси се однесуваат на историјата на идеологијата, културата и политичката географија.