За една деценија „пропаднале“ 850 милиони денари наменети за унапредување на животната средина покажува анализата која ја направи Радио МОФ во која ги споредувавме првично планираните буџети и завршните буџетски сметки на Северна Македонија.
Податоците покажуваат дека од 2008 до 2018 година биле испланирани вкупно 2,8 милијарди денари за буџетската програма „унапредување на животната средина“, додека се потрошиле нешто под 2 милијарди денари, односно само 70% од планираните средства.
Оваа буџетска програма опфаќа реализација на проекти од областа на заштитата и унапредувањето на животната средина, одржливиот развој, унапредување на квалитетот на почвата, водата и воздухот, заштита на биолошката разновидност, валоризација и ревалоризација на природните вредности, заштита на озонската обвивка и слично.
Даниел Евросимоски