На Универзитетот на југоисточна Европа деновиве свечено беше пуштен во употреба технолошкиот парк на универзитетот.
Ректорот на унивезитетот, проф. д-р Замир Дика во поздравниот говор ја објасни важноста на оваа инвестиција. Тој нагласи дека сега студентите, професорите, истражувачите, бизнис заедницата ќе имаат можност да соработуваат со цел да се воведат иновации во академските институции и индустријата. Намената на технолошкиот парк е да ги приближи заедно науката, индустријата и владата.
Технолошкиот парк е замислен како јадро за креирање, презентација и продажба на научни резултати, откритија или патенти, експертско знаење, уметнички творби и други остварувања во рамки на универзитетот во кој постои.
„На ЈИЕУ постои солидна инфраструктура и научен кадар кои би можеле да бидат носители на иновативните процеси, а кои им овозможува практична примена на постоечките знаења и нивно искористување за решавање на економските предизвици, да се промовира развојот“, нагласи министерот за економија Ваљон Сарачини.
Ова е прв технолошки парк отворен во Македонија. Од универитетот соопштија дека во изградбата инвестирале 50.000 евра и простор од 650 метри квадратни.
Бобан Костадиновски