Филмот „Господ постои, името и’ е Петрунија” на Теона Стругар Митевска освои уште три награди изминатава недела, две за најдобар филм и една за најдобра женска улога.
На фестивалот All About Freedom Festival, кој се одржува во Гдањск, Полска, филмот ја доби главната награда за најдобар филм, a филмот ја освои и главната награда „Златна Вила“ на Филмскиот Фестивал во Тузла, Босна и Херцеговина.
Актерката Зорица Нушева, ја освои наградата за најдобра женска улога на Македонскиот филмски фестивал во Торонто.
Со најновите признанија „Петрунија“ досега освои вкупно 25 награди на меѓународните филмски фестивали.
Во текот на октомври филмот ќе биде прикажан на уште седум фестивали во Германија, Турција, Австралија, Холандија, Кина и Грција.