Здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст – Струмица“, вечерва (среда, 23 октомври) во Струмца организира поетско читање и разговор со израелската поетеса и режисерка Дорит Вајман.
Настанот започнува во 19 часот во местото за алтернативни културни настани „Sub Club“, каде ќе биде презентирана Вајсмен, автор на десет поетски збирки. Исто така, има издадено две книги со преводи на поезија од Чарлс Буковски на хебрејски јазик, два романа и уредила две антологии со социјално ангажирана поезија.
Добитничка е на престижната награда „Јехуда Амихај“ за поезија, наградата од Министерството за култура за израелски автори и други интернационални награди. Има режирано три документарни филмови кои се проектирани во кината во Израел, на националната телевизија и на неколку интернационални филмски фестивали.
Дорит Вајсман е основач и активен член на „Poetry Place“, место за поезија цо центарот на Ерусалим и член на глобалното движење „100 Илјади поети за промена“.