Ману Чао на барикадите против малите хидро-електрани во Србија

Ману Чао застана на барикадите против мали хидро-електрани во Србија. Во знак на поддршка на мештаните и активистите кои деноноќно стражарат во селото за да ја зачуваат реката од мали хидро-електраните, го посети Топли Дол и разговараше со локалното население.

Како што јавува порталот „Јужне вести“, меѓу двата закажани концерти, во Ниш и во Софија, познатиот музичар најде време и за топлодолци, а за проблемот со реките во селото го запознаа активистите од иницијативата „Да ги одбраниме реките на Стара Планина”.

„Воодушевен сум од природата. Проблем со реките и водата нема само во Србија, тоа стана и глобален проблем. Ги повикувам мештаните и активистите да истраат во својата борба“, вели музичарот.

Во селото се задржа кратко поради неговите обврски, но не сакаше да ја пропушти приликата да им пружи поддршка на локалните жители, со оглед на тоа што беше во близина. Со карактеристичниот стајлинг и со гитарата прошета низ селото. Ману Чао додаде дека освен тоа што бил воодушевен од природата, бил воодушевен и од приемот.

Фото: Odbranimo reke Stare planine