Утре се отвора „Desonanz Festival 2019“

„Desonanz Festival 2019“ ќе се одржи од 28 октомври, до 1 ноември, на повеќе локации во Скопје. Отворањето ќе се случи утре во киното Фросина во Младинскиот културен центар во Скопје, а програма ќе има и во Музејот на Град Скопје, Клуб Минус 1, Кино Карпош и BKW. На 11 декември пак, во Денсинг салата на МКЦ е најавен посебен настан со настап на Oake и Parhelic Shell.

 

„Во својата единаесетта година „Desonanz Festival“ 2019 влегува со децениско искуство, но и нова свежина и обновен глад за релевантна и современа музика во Скопје. Низ 6 фестивалски денови, програмата оваа година поврзува и обединува не само повеќе жанрови на уметност и стилови на музика, туку и воспоставува временски нишки низ историјата на експерименталната уметност и електронската музика од своите рани искри до денешницата“, порачуваат од фестивалот.