Петар Младеновски – Пеце од „Суперхикс“ заедно со „Рома рок скул“ одржаа мини концерт во „Арт кафе“ во Кратово.
На концертот беше изведена и заедничката песна „Неспокој“, која наскоро ќе биде и студиски снимена.
Во склоп на „Рокафелас фестивал“ настапија и скопските „ЗУЛУ 3.4“ и диџеите Миран и Педро.
Освен „Арт Кафе“, на фестивалската агенда со вечерен термин домаќин беше и „Бар Кјуб“ од Куманово.
Активностите се спроведуваа од Здружението на културна мотивација „КУЛТИ ВАТОР“ од Скопје. „Рокафелас Фест“ е во рамки на „Новиот културен бран“ поддржан од Министерството за култура.