Отворен повик за краток стрип

Школата за ангажиран стрип распишува отворен конкурс за краток стрип од 3 до 6 страници.

Според Школата, темата на стриповите треба да биде во насока на социјално ангажираните приказни во чиј фокус се поединците и заедниците, социјалната  и економската неправда, семејното насилство, правата на маргилизираните заедници, вклучувањето на исклучените и осветлување на бројните животни, приказни што не можеме често да ги видиме во делата на стрип авторите, ликовните уметници или пак во традиционалните медиуми.

Стриповите треба да бидат изработени во  црно бел  А3 формат, можат да бидат со или без текст а изборот на техника е слободен.

Финалниот рок за испраќање на стриповите е 1 декември 2020 година. Стриповите во PDF формат можат да се испратат на следната адреса: gjovanovik@gmail.com

„Пристигнатите стрипови ќе бидат изложени на изложба  која ќе се реализира во средината на декември  и репродуцирани во публикација. На изложбата покрај пристигнатите стрипови од конкурсот ќе бидат изложени и резултатите од школата која се одвиваше во периодот април- ноември на која преку предавања, вежби, работилници за креативно пишување и филски проекции се направи обид да се понуди иновативен пристап кон поимањето и потенцијалот на стрипот како медиум низ кој може да се артикулираат релевантни прашања и проблеми во современото  општеството“, стои во повикот на Школата.

Инаку, Школата почна во април, под водство на уметниците Ѓорѓе Јовановиќ и Владимир Лукаш, со низа работилници, проекции и предавања од истакнати автори од различни области. Од Школата произлегоа повеќе креации и постери.

Целта е да понуди иновативен пристап кон поимањето и потенцијалот на стрипот како медиум низ кој може да се артикулираат релевантни прашања и проблеми во нашето општество.