Пеш до 14-ти кат, расипан е лифтот во студентскиот дом „Гоце Делчев“

Од први до четиринаесетти кат пеш по скали,  маките на станарите од студентскиот дом „Гоце Делчев“ продолжуваат. Речиси една седмица лифтот во блокот Г е расипан, па студентите се принудени да се ги користат скалите.

Пеш до 14-ти кат, расипан е лифтот во студентскиот дом „Гоце Делчев“

Репортерот на Радио МОФ го посети домот. Студентите реагираат, велат дека за оние од пониските катови не е проблем, но тешко на оние кои треба со полни куфери да стигнат на високите катови.

Anketa so studenti od domot Goce Delcev by Radio Mof on Mixcloud

Проблемот е од технички аспект и трае од минатата среда. Одговорните и надлежните знаат за тоа, а доказ е залепеното ливче на приземјето со натпис „Лифтот не работи“, на кое стои и потписот од управникот на блокот. Истото е „креативно“ надополнето со барања на студентите да се поправи.

Пеш до 14-ти кат, расипан е лифтот во студентскиот дом „Гоце Делчев“

Лифтот е расипан веќе шест дена, а информација за тоа дали и кога ќе проработи студентите во домот сеуште немаат.

Д.Т.