„Сите бои на мојата земја“- конкурс за ликовни и литературни творби

„Цивил – Центар за слобода“ објави конкурс за ликовни и литературни творби на тема „Човекови права, мир и толеранција“ во рамките на проектот „Сите бои на мојата земја“.

 „Сите бои на мојата земја“- конкурс за ликовни и литературни творби

Конкурсот е отворен за деца на возраст од 10 до 14 години и за млади од 15 до 18 годишна возраст. Учесниците на конкурсот ќе можат да се натпреваруваат во повеќе категории на ликовниот, односно графичкиот израз и пишаниот збор.

Пристигнатите трудови ќе претставуваат квалификација за летна школа за креативно изразување која ќе се одржи во текот на јули годинава. Најуспешните трудови на летната школа ќе бидат наградени, додека одбрани трудови од конкурсот ќе се користат во текот на проектот како основа за кампања за јакнење на јавната свест. Форматот, изразот и бројот на творбите не е ограничен, а крајниот рок за нивно испраќање е 10-ти јуни.

Овој конкурс се спроведува во рамките на програмата „Civica Mobilitas“, финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), а спроведена од Центар за институционален развој (ЦИРа).