Мапирање на инцидентите сторени од омраза

За неполни четири месеци во Македонија се регистрирани 18 инциденти сторени од омраза. Единаесет од нив се извршени во Скопје, четири во Тетово и по еден во Кичево, Струга и Битола, покажа мапата на порталот „Злосторства од омраза“, каде се регистрираат вакви инцидентите.

Мапирање на инцидентите сторени од омраза

 

Проектот започна во март 2013 година. Оттогаш па до денес, евидентирани се десетици злосторства од омраза, а беа испратени и дописи до сите 32 судови и 22 Јавни обвинителства кои имаат надлежност во оваа област“, соопштуваат од Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Статистиката за мониторираните месеци покажува дека најголем дел од овие инциденти се сторени поради национална или верска нерпеливост, а автобусите и автобуските станици се најчести места за пресметка.

Новиот портал, освен што ги мапира кривичните дела и инциденти сторени од омраза, овозможува и секој граѓанин кој имал вакво искуство истото да го пријави на сајтот, со цел да се добие појасна слика за тоа што се случува на територијата на Македонија.