Националниот парк Маврово по повод одбележувањето на седумдесет годишнината од своето формирање распиша конкурс за најдобра фотографија која ги отсликува убавините на овој предел.
Конкурсот е отворен за сите жители на Република Северна Македонија, но доставените фотографии мора да бидат направени на територија на Националниот парк Маврово.
Конкурсот опфаќа три различни категории на учество:
- Млади фотографи ( до 16 години)
- Фотографи аматери
- Професионални фотографи
Начин на испраќање на фотографиите:
Испратете ги вашите фотографии на infopoint@npmavrovo.org.mk
Секоја фотографија треба да ги содржи следните информации:
- Име и Презиме на фотографот
- Локација на која е направена фотографијата
- Дата кога истата е направена (ќе бидат прифатени и фотографии кои се направени пред објавување на овој конкурс)
- Категорија во која сакате да се натпреварувате
Едно лице може да поднесе најмногу 5 дигитални фотографии испратени преку е-маил.
Учеството е бесплатно.
Трошоците за организација на изложба или друг настан на кој би се промовирале фотографиите се на сметка на организаторот на овој конкурс.
Времетраење на конкурсот:
Од денот на објавување до 15 .11. 2019 г.
Наградите кои ќе бидат доделени се следните:
- за категорија млади фотографи: вредносен ваучер во износ од 5.000 денари
- за категорија фотографи аматери: вредносен ваучер во износ од 10.000 денари
- за категорија професионални фотографи: вредносен ваучер во износ од 15.000 денари
Наградените фотографии ќе бидат објавени на 20.11.2019 на веб страната на НП Маврово www.npmavrovo.org.mk како и фб. страницата и инстаграм профилот на паркот:
https://www.facebook.com/mavrovo/
https://www.instagram.com/mavrovonationalpark/
Наградите ќе бидат доделени за време на свечениот настан по повод одбележувањето на 70 годишнината од формирањето на ЈУНП Маврово кој ќе се одржи на 29.11.2019 година ( во случај на промени на датумот ќе бидете навремено известени).
Дополнителни информации за Конкурсот се достапни на следниот ЛИНК.