Со „Зад хоризонтот“ вечерва завршува „Синедејс“

Со доделување на наградите и проекција на филмот „Зад хоризонтот“ вечерва ќе биде затворeно oсумнаесеттото издание на Меѓународниот фестивал на европски филм „Синедејс“. Проекцијата е во кино Милениум со почеток во 20 часот.

Во рамки на детската програма во кино Фросина се прикажуваат „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ и „Кариран нинџа“.

За музиката на затворањето се задолжени Филип Пајдаков и Џано Куч – FilDzan со диџеј сет. Влезот е слободен.