Поимот #OKBoomer стана трендинг на социјалните мрежи меѓу „Миленијалците“ и Генерацијата „Z“. Фразата е одговор во случаи кога повозрасна личност, од „Бејби бум“ генерацијата, ги критикува или омаловажува ставовите на младите.
Во оваа епизода на „Што е муабетот со…“ појаснуваме што всушност значат овие поими и зборуваме за генерацискиот јаз во интернет комуникацијата со комуникологот Бојан Кордалов.