Раниот француски женски печат, односно различните списанија и памфлети кои почнале да се појавуваат во 18ти и почетокот на 19ти век, може да ни дадат увид во секојдневните борби и успеси на жените за време на еден особено турбулентен период во историјата на Франција. Денес женските списанија често се сметаат за конформистички. Се смета дека тие промовираат ограничен опсег на модели на женски улоги и ја зајакнуваат нормираноста на женската положба во патријархалното општество. Содржините на раниот француски женски печат претставуваат многу различна слика.
Потеклото на францускиот женски печат датира од 18 век. Првото женско списание одржало континуитет во јавноста, „Journal des dames“ (Весник на дамите) било објавувано од 1759 до 1778 година. Во текот на следните неколку децении се појавиле видови на натписи – од кои многу остануваат актуелни во денешниот женски печат.
„Мојот интерес за „политичкиот“ потенцијал на овие списанија врз животите на француските жени, беше тоа што ја издигна мојата книга „Фигурирање на женственото во раниот женски француски печат од 1758 до 1848“. Во текот на овој период, француските жени немале право на политичко претставување. И покрај нагласокот на просветителството за правата на поединецот, жените немале еднаков статус со мажите. Нивното образование било значително помалку обемно, за разлика од машкото, се учеле различни наставни предмети и имало разлика во нивното времетраење, што резултирало со високо ниво на неписменост“, пишува авторот на текстот.
Драматургот и социјалната реформаторка, Олимпе де Гугес ја подготвила својата „Декларација за правата на жената и граѓанинот во 1791 година“, како одговор на она што таа го сметала за родова нееднаквост во првичната „Декларација„ од 1789 година. Кодексот на Наполеон од 1804, законски ги обврзувал жените да ги слушаат своите сопрузи и да им дадат целосна контролата врз имотот.
Но, како овие рани женски списанија се инволвираат во правата и улогите на француските жени во тоа време?
Раниот француски печат опфаќа низа жанрови, од списанието за литературната анализа „Journal des dames“ до модното списание „Journal des dames et des modes”, па сѐ до општественото феминистичко списание „La Femme libre “, кои се обидувале да ги подобрат условите за вработување на жените. Овие публикации имале различни групи читатели, во зависност од видот на темите за кои пишувале, што делумно зависело од нивниот периодот кога се објавувале.
Не е можно да се утврди читателската публика на раните француски списанија за жени, а барањата на тиражот се сметаат за неверодостојни. Нивото на писменост и цената на женскиот печат многу ја ограничиле читателската публика, иако списанијата често се позајмувале помеѓу пријателките и домаќинствата, а според читетелите на „Journal des dames et des modes“ од јули 1803, списанијата се читале и на глас во друштво.
Јасно било задоволството на читателките за можноста да водат дијалог во заедница на истомисленички, што резултирало со чувство за колективен идентитет и политичка свест заснована врз полот. За прв пат, француските читателки- главно домаќинки, биле охрабрени да ги артикулираат своите приватни мислења во јавниот форум.
Авторките, како Мадам де Савињак, која што објавувала образовна фантастика за млади – пишувајќи во „Journal des femmes” во мај 1833 година, ја ценела улогата на женските списанија како за поддршка за интелектуалните женски достигнувања и им давала поддршка на авторките да се откажат од нивните машки псевдоними.
Многу современи жени авторки имале машки псевдоними – Савињак конкретно ја споменува Џорџ Санд – со цел да ја задржат анонимноста и да ја зголемат шансата за објавување во машки ориентиран свет.
Женските списанија делуваат како огледало за општеството во кое што се пишуваат, но исто така можат да помогнат во измената на многу од апсектите на тоа општество. Како и денешниот женски печат, раните женски списанија во Франција исто така ја продавале идејата за подобар живот. Но, наместо да ги привлекуваат читателите со материјалистичките аспирации, списанијата привлекле читатели истакнувајќи ја потребата за личната и јавната одговорност на жените. Тие демонстрирале форма на „граѓански феминизам“, користејќи термин усвоен од историчарката Карла Хесе.
Доколку содржината варира во зависност од списанието и историскиот контекст, впечатлива е радикалноста на агендата и наративите што ги промовираат овие списанија.
Многу списанија, особено модниот печат, станаа конзервативни според нивниот поглед на светот. Но, многу други списанија зборуваат за законодавните и социјалните предрасуди врз жените во обид да ги зајакнат своите права, без разлика дали треба да се разведат, да гласаат, или да го подобрат нивниот став во француското општество преку промовирање на подобро образование за жените.
Би било преувеличување ако се каже дека женските уредници се фокусирале на поставување целосна агенда за жените во нивните периодични списанија, или се тврди дека тие се доживувале себеси прво како феминистички активисти, а потоа како новинари.
Но сепак, точно е дека нивните списанија честопати имале конкурентен и алтернативен говор, важна варијанта од онаа што е широко прифатена во мејнстримот.
Раните француски женски списанија се бореле за поинклузивен француски закон, што посериозно би ги третирал женските автори. Тие го застапувале женското право на избирање на сопруг, во ера на договорени бракови и ги охрабрувале жените во несреќни бракови да пишуваат анонимно за нивните проблеми, пишувајќи го својот проблем на страната за проблеми (Le Courrier de l’hymen, Journal des dames, 1791). Исто така, се залагале за подобрување на образованието и условите за вработување на жените (La Femme libre и La Voix des femmes, 1848).
Накратко, за нивните современи читатели, овие рани списанија ги промовирале интелектуалните, фамилијарните и професионалните придонеси на жената во француското општество. Според денешниот читател, тие споделувале привилегирано и во голема мера ненавигирано обележување на личниот и политичкиот развој на француските жени.
Извор: Independent