Младиот македонски бенд „Beam Experiment“ ќе има свој настап во живо вечерва (23 ноември) од 22:00 часот во Котур каде ќе приреди звучно патување низ космосот.
„Beam Experiment“ е музички инструментален состав на млади музичари со голема страст кон експерименталниот музички пристап. Нивниот музички израз во поголем дел е импровизаторски и воедно ослободен од спрегите на конфенционалните музички форми што овозможува да ја поведат публиката на хипнотичко патување во совршена хармонија, низ несовршениот космос.
Бендот го сочинуваат: Ќети Танчева – Теремин; Кристијан Савиќ и Ставро Ангелаков – Гитара; Панде Ефтимов – Бас и Кристијан Новковски – Тапани.