Повеќе од 30 локални уметници се вклучија во заедничка изложба насловена „Цртаме акт“, која се состои од цртежи, фотографии, видео презентација од процесот и перформативноста. Тие изработија 420 уметнички дела инспирирани од дваесетина модели.
Изложбата ќе биде отворена на 9 декември (понеделник) во „Шорт бас“ со почеток од 20:30 часот, а ќе биде достапна за јавноста до 19 декември.
Куратори на изложбата се Маргарита Симовска-академски сликар муралист и Доротеј Нешовски-интердициплинарен уметник.
Во неа учествуваат уметниците: Стефан Китановиќ,Ива Станковска,Лирим Хоџа ,Викторија Ивановска,Димитар Чакар,Теодор Јуруковски,Ивона Ѓорѓиовска,Леона Блажева,Ана Tрајковска,Јасмина Трпевска,Блажка Ми Ева, Магдалена Добревска,Викторија Поповска,Слободан Петровски,Васил Шемковски,Аммар Качар,Мила Миладиновиќ,Маја Симовска,Дарко Стојковски,Данче Станковиќ,Александар Костадиновски и други.
„Цртаме акт“ е платформа носител на идејата за ослободување на поимот голо тело во сите негови видови на постоење: род, пол, националност, религија, идентитети.
„Застанувајќи отспротива на деструкцијата, понижувањето и осудата, помладата генерација ги руши табуата за перформативно изложување на голото тело. На изложените цртежи прикажано е настојувања да се истражи и експериментира со сопственото јас во социолошки општествен контекст преку уметнички интердисциплинарен проект. Целта на изложбата не е да прикаже академизам и конструктивизам на цртежот туку целосна слобода на израз и пристап кон доживување на личноста која позира-перформира“, стои во најавата за изложбата.
Таа е дел од манифестацијата „Нов културен бран 2019″ на Министерство за ултура на Р.С. Македонија.