Уметницата Дороти Пачкова започнува патувачка изложба која вечерва тргнува од Дом на млади во Штип.
Изложбата е направена со поддршка на мрежа на балкански солидарни женски центри, преку Босна и Херцеховина и Црна гора.
Со ова започнува претставување на мрежното функционирање на Центарот за слобода и култура, на жени и девојки уметнички од регионот, со поддршка на повеќе музеи и галерии од целата земја, со поддршка на Министерство за култура на Р.С.М. преку Нов културен бран 2019, и секторот за спорт и млади при град Скопје.
Изложбата е дел од „АРТ ФЕМ“ проектот, кој го адресира проблемот со непостоењето на активистички феминистички мрежен центар, кој би ги унапредувал правата на уметничките, би им давал можност за изразување и вмрежување.
По Штип, Пачкова информира дека следуваат уште неколку интерактивни изложби, ќе се анкетираат девојки и жени уметнички во однос на нивните потреби, како тие сметаат дека би можеле да се вклучат во АРТ ФЕМ и што би им било нив најмногу од полза ако се дел од Центар за слобода и уметност.
Таа ги покани да се приклучат сите уметнички и културни работнички со тоа што ќе испратат CV, портфолиo и мотивационo писмo на: artfem7@gmail.com и ќе се пополни пријавата на следниот ЛИНК.