[Видео] „Купување книга од професорот“ и коруптивните практики во високото образование

Сте чуле за феноментот „купување книга од професорот“? Овој вид на “софистицирана“ корупција се храни од верувањата на студентите „подобро купи си да не биде после да полагаш за џабе и да паднеш на испит“. Ова се дел од темите во новото видео од кампањата #ЗдравоЗаГотово, кое е посветено на корупцијата во високото образование.

ЗдрвоЗаГотово е дигитална видео кампања која на иновативен и забавен начин ги информира, едуцира и соочува граѓаните со теми кои ги претставуваат предизвиците на општеството. Преку продукција на кратки видеа, кампањата обработуваа теми кои доминираат во медиумскиот простор и имаат значајно влијание врз формирањето на ставовите на јавноста. Кампањата ја реализира Центарот за социјални иновации БЛИНК 42-21.