МКЦ повторно распишува повик за избор на авторски цртежи во рамки на проектот „Skopje street and art gallery 2“

Младински културен центар распишува повик за избор на 6 авторски цртежи, кои ќе се реализираат во рамки на проектот „Градот убав или Skopje street and art gallery 2“.

Повикот е отворен за домашнитe ликовни уметници и автори од полето на уличната и графити уметност. По одлично реализираната прва галерија на отворено во рамки на еден од најзначајните објекти од современо Скопје – Градскиот трговски центар, ја продолжуваме оваа иницијатива за создавање на втора таква галерија, која ќе се реализира во катната гаража „26 Јули”.

За учество на повикот, заинтересираните треба да достават по електронски пат (мејл) портфолио со претходно реализирани мурали на или во слични манифестации и опционално нивната замисла (скица) за посочениот простор.

Фотографија: Google Maps

Активностите ќе се реализираат од 20-22 декември 2019 година. За реализација на делата е предвидена временска рамка од 3 дена, на еднакво распределени површини
/ 1 x (10m x 2.5m) + 2x (2x 2.5 m) /. Организаторот за потребите на проектот ќе обезбеди материјали за изработка на делата, храна и пијалоци во текот на работењето, фотодокументација и архивирање, како и еднакви хонорари за авторите согласно обезбедените средства.

Фотографија: Борис Јурмовски

Полињата за работа претставуваат чисти армирано бетонски платна, кои доминантно се слободни, но на дел од нив се поставени инсталации (ел. кабли, штекери, одводни цевки), кои треба да бидат инкомпорирани во сликата, на начин кој нема да ја загрози нивната функција.
Материјалот електронски можете да го доставите најдоцна до 10 декември, 2019 година, на адресата: info@mkc.mk со наслов: Име и презиме/Skopje street and art gallery 2
Организаторот на 12 декември ќе ги објави јавно резултатите.

Нема да бидат разгледувани скици со недолична содржина, дискриминаторски пораки и навреди на која било основа.
Организатори на овој проект се Младинскиот културен центар и Град Скопје.

Фотографија: Борис Јурмовски
Концепт, монтажа, мурал: Филип Конески

 

Предвидена работна површина