Во конкуренција од осум млади бендови, од претходно 40 пристигнати материјали за влез во финалето, „Cut your nipple“ се годинешните победници на „Лузер фест“.
Со гласови од публиката и жирито, „Cut your nipple“ со победата овозможи снимање на својот прв студиски албум, објавен од „Пасворд“.
Се работи за е тричлен бенд, формиран во 2018 година кој свири P-Funk Rock. Составен е од Марко Печеновиќ (бас гитара и вокал), Павел Кузмановски (гитара) и Теодор Јаневски (тапани).
Во главната вечер на фестивалот „Лузер фест“ настапуваа и „Шес Чаши Свеш Швепс“, „Orange Groove“, „Хајка“, „Inner Hate“, „Wardenclyffe“, „Misanthrope“ и „ЅРЕТИ“.
„Лузер фест“ веќе 10 години традиционално дава поддршка на новиот музички бран, со вечери посветени на млади артисти и демо бендови.