Преку изложба поделена во седум делови, Националната опера и балет го одбележува седумдеценискиот развој на балетот во Северна Македонија.
Изложбата насловена „Животот во движење“ е дело на Наташа Јосифовска и прикажува фотографии од уметниците и од изведбите, костими и костимографски скици за претставите, како и новинарски статии и плакати за балетски премиери, меѓу кои и за првата – „Валпургиска ноќ“.
Изложбата ќе биде поставена два месеца, по што е планирано да продолжи во повеќе градови низ земјава.