Во Детскиот креативен центар во МКЦ на 22 декември (недела) од 12 до 14 часот ќе се одржи настанот „Ногододишни игри без граници“ во организација на „Аутизам ААМК“.
„Овој настан како и сите наши претходни пред се’ е инклузивен, што значи дека ние не правиме разлика помеѓу лица со типичен и нетипичен развој“, вели организаторот.
Најавуваат дека оваа новогодишна забава ќе изобилува со многу игри наменети за сите деца, многу дружба, насмевки и прегратки, многу радост.
„Поканети се сите деца, но и сите оние кои се чувствуваат како деца, сите оние кои сакаат да го почувствуваат она за што ние секогаш се бориме – растењето, играњето, учењето заедно. Секако дека го очекуваме и најмилиот дедо во овој период, Дедо Мраз.
Дојдете на двочасовна забава со Не лути се човече, хулахопи, бидете маче или авион и што уште не“, соопштува организарот.
Исто така, дополнуваат дека големиот тим Необични во соработка со студентите по специјална едукација и рехабилитација и колективот „Ветерница“ подготвија разновидна програма.