Училишната заедница на СУГС „Никола Карев” во соработка со „Агенција за млади и спорт„ и еколошкиот клуб „Биди зелен клуб – Никола Карев” организираат предновогодишен настан кој ќе се одржи во петок со почеток во 19:30 часот во гимназијата „Никола Карев“.
Настанот ќе започне со турнир во табла проследен со свирка на која ќе настапуваат бендови од „Карев“, односно „Basement cult“, „Пешачки премин“, „4:33“, а ќе гостуваат и средношколските бендови „Волт“ и „Алтер его“.
За време на настанот книжарница ТРИ ќе има штанд на кој што ќе има најразлични книги со попуст до 50%.
Настанот ќе има еколошки карактер, па затоа влезницата ќе биде “наплатена“ со две пластични шишиња или една празна батерија. Целиот собран, отпаден материјал од влезниците ќе биде организиран и селектиран од „Гоу Грин“ во соработка со „Нула Отпад“ ДОО Скопје и „Пакомак“.
Средношколците од „Никола Карев“ ќе организираат и наградна игра. На инстаграм профилот @mladinska_karticka е објавена специјалната награда, седумдневно патување за двајца на островот Крф, обезбедена од Escape Travel Agency. Победниците ќе бидат случајно извлечени и прогласени на самиот настан.
Средношколците велат дека максимално се потрудиле да го задржат својот имиџ, да бидат препознатливи по организација на најдобрите свирки и да ја оправдаат титулата за еко-училиште.