Градежни работи се одвиваат во Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ во Тетово, со цел да се прошират просториите на Факултетот за драмска и музичка уметност (ФДМУ) од Државниот тетовски универзитет, кој работи во склоп на Центарот.
Простории кои претходно Центарот за култура ги издаваше под кирија, сега влегуваат во состав на факултет, вклучувајќи ги и просториите на поранешниот ресторан „Чардак“. Со проширувањето на просториите, ќе се зголеми и капацитетот на самиот факултет, велат од ФДМУ за Радио МОФ. Но, дел од просториите ќе припаднат и на Градската библиотека, која се наоѓа веднаш до факултетот.
Иако сè уште не се знае кога ќе започнат со работа реконструираните простории, според неофицијални информации, студентите по драмската и музичка уметност ќе започнат со работа од септември, односно од наредната учебна година.
Марко Видачек, медиа/арт клуб Тетово