Nëse doni të lexoni tekstin në gjuhën shqipe, shtypni “Shqip” / За текстот на албански јазик кликнете „Shqip“
-
„Во групата се праќаат фотошопирани слики. Се најде слика и од мене, и од други мои познанички кои ми се обратија и врска немаат со сликите….Јас имам 20 години, а во групата има девојченца кои имаат и по 14 години… и што знае дете што се тоа „nudes“. За овие деца ова е преголема психичка тортура. Јас не се замарам, знам дека се простаци, ама децата не можат да издржат ваква тортура, ова е срамота и загрижувачко. Апелирам што побрзо групата да е затворена и вакви банални работи да престанат.“
Ова е само една од приказните кои ги добивме на Инстаграм профилот на Радио МОФ, во приватна порака, откако букна веста за постоењето на групата „Јавна соба“ на Телеграм, во која се најдоа илјадници средношколци кои споделуваа експлицитни фотографии на свои врснички, голем дел од нив и малолетни.
Групата се уште постои, со сменето име, но голем број корисници ја напуштија. Сега брои околу 4100 членови. Во меѓувреме, дел од нив се селат на други групи на Телеграм, или на сосема нова платформа, на гејмерската мрежа „Дискорд“.
Случајот „Телеграм“ е сајбер насилство, меѓутоа подконтекстот е родово засновано насилство
Ана Попризова, професорка и училишен психолог вели дека не е првпат да чуе за постоење на вакви „чет“ групи. Сепак, она што ја изненадило е големиот број лица вклучени во групата. За тоа колку образованието е подготвено да одговори на ваквите предизвици, го споменува Правилникот за педагошки мерки по кој функционираат стручните служби. Последен пат е сменет во 2005 година.
„Во меѓувреме се сменија многу работи во општеството и ние не можеме да функционираме само врз основа на тој правилник, ниту на ниво на превенција, ни на ниво на интервенција. Потребно е изготвување на цели политики, стратегии, овде станува збор за сајбер насилство, меѓутоа подконтекстот е родово засновано насилство. На нас ни треба изготвување на процедури и политики за справување со родово засновано насилство и за безбедност на интернет“, вели таа.
Благодарение на ажурноста на одредени наставници и стручни лица, но и надворешни проекти, во дел од училиштата, дали на час, или како слободни активности се споменуваат овие теми. Но дали е тоа доволно? Очигледно не, ќе рече Попризова, која појаснува дека во образованието се инсистира на воведување технологија, но се запоставуваат другите сегменти, меѓу кои и препознавањето сајбер насилство.
Според психологот, девојчињата кои најчесто се изложени на оваа ситуација се под изразен стрес. Овие состојби, вели, оставаат сериозни последици врз психата на младиот човек. Исто, така додава, потребно е воведување на сеопфатно сексуално образование за да се сфати контекстот на родово-базираното насилство.
„Го повикувам секој родител да поразговара со своето дете со давање на поддршка, да му каже дека тоа што се случило е безбедно да го споделат и дека понатаму, заедно, децата со родителите ќе се обратат да побараат помош. Таа помош треба да е на повеќе нивоа, но нека започне со обраќање до училиштата, кои во моментов се поинформирани од медиумите“, децидна е Попризова.
Според неа, би било одговорно и неопходно Министерството за образование, Министерството за здравство, Министерството за труд и социјала, но и за внатрешни работи интерсекторски веднаш да реагираат и да работат со учениците кои се изложени на случаите како „Јавна соба“, заедно со нивните родители и училиштата. Сепак, додава:
„Не очекувам институциите да реагираат, но доколку тоа се случи ќе бидам позитивно изненадена“.
Сеопфатно сексуално образование не е „енџиоу“ глупост
По медиумските објави за постоењето на групата „Јавна соба“ на Телеграм, стигна инстант одговор од МВР, дека се работи на случајот. Дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика, Санела Шкриељ, вчера изјави дека постапуваат заедно со МВР, како и дека со МОН веќе договориле стручни служби во училиштата да преземат мерки.
Сепак, од МОН не откриваат дали и какви конкретни мерки се преземаат за намалување на последиците од „Јавна соба“ во училиштата. Единствено посочуваат дека досега се работени многу проекти, во и вон училиштата за информирање на учениците при користењето на интернет.
Ирена Цветковиќ од коалицијата „Маргини“ смета дека брзата реакција од МВР воопшто не е доволна.
„Имајќи искуство во работа со средни школи најмногу во Скопје, само јас знам за минимум 10 вакви групи кои се активни и низ кои течат вакви материјали. И сите да ги затворат за два месеца децата пак ќе најдат свои канали на кои ќе продолжат со својата „забава“. Можеби на многумина им е чудно што некои луѓе на ФБ ги обвинуваат девојчињата кои се жртви на една од најбруталните форми на насилство, ама влезете во кое било средно или основно и отворете ја оваа тема меѓу младите и дури тогаш ќе ве удри шок. Над 90% од младите за овие постапки ги обвинуваат девојките кои се сликале, а голем дел сметаат дека жртвите всушност не се жртви туку уживаат во „славата““, напиша таа на својот ФБ профил.
Цветковиќ го посочува Министерството за образование како клучна институција чија обврска е да ги најде причините на ова однесување, да ги менува и пред се да ги заштитува сите вакви жртви. Сеопфатно сексуално образование, вели, не е „енџиоу“ глупост.
„Можете да поставите илјада камери во школите, можете да донесете најдобро обезбедување, сѐ е тоа бадијала. Зборете со децата, еманципирајте ги, учете ги за нивната сексуалност, нивните права и обврски, учете ги на емпатија и солидарност и дозволете да ви помогнат оние кои имаат знаења и експертиза во таа област“, дополнува таа.
МВР: Телеграм треба да си преземе мерки
Портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Тони Ангеловски вели дека Секторот за компјутерски криминал остварил контакт со мрежата „Телеграм“.
„Побарани се и собрани информации битни за истрагата и известено е Јавното обвинителство. Сега работиме на расчистување на случајот“, вели Ангеловски.
Потоа, додава, во соработка со ОЈО, ќе се утврдат кривичните дела кои се извршени и за нив ќе биде поднесена кривична пријава, за чии казни ќе одредува судот.
„Ние можеме да го истражиме случајот и да поднесеме кривична, или соодветна, пријава против сторителот. Ако прашањето е за блокирање на групата, тоа е веќе во ингеренции на социјалната мрежа на која се објавени. Затоа што ние немаме надлежност, ниту ингеренции врз, на пример, Фејсбук, серверите му се во Америка. Ние што направивме и во овој случај? Се обративме до Телеграм и го известивме дека имаат група на која се споделуваат содржини со порнографска содржина, незаконска, некогаш и терористички, закани за безбедност“, вели Ангеловски.
Во моментов, додава, Телеграм треба да си преземе мерки.
„Ние не можеме да избришеме никого затоа што немаме ингеренции. МВР не брише. МВР само ја известува дотичната компанија која треба да си постапи и искрено досега со Фејсбук и Инстаграм што сме имале, имавме одлична соработка. Кога ќе ги известиме за вакви работи, посебно… И тие имаат правила што може да се постира, што не може“, додава тој.
Ивана Смилевска
Јасмина Јакимова
-
Çfarë di fëmija ç’është “nudes” – Rasti “Javna soba” (Dhoma publike) e hapi kutinë e Pandorës
“Te grupi po dërgohen fotografi të manipuluara me fotoshop. U gjend fotografi edhe e imja dhe nga të tjera njohura të mia që mu drejtuan dhe nuk kanë lidhje me fotografitë …Unë jam 20-vjeçe dhe në grup ka vajza që janë 14-vjeçe … dhe çfarë di një fëmijë se çfarë janë “nudes”. Për këta fëmijë kjo është një torturë e madhe psikologjike. Unë nuk mërzitem, e di se janë injorantë, por fëmijët nuk mund të durojnë torturë të tillë, kjo është turp dhe shqetësuese. Apeloj që grupi të mbyllet sa më shpejt dhe të ndalen gjëra të tilla banale”.
Kjo është vetëm një nga tregimet që kemi marrë në profilin e Instagramit të Radio MOF në një mesazh privat, pas lajmeve që shpërthyen për ekzistencën e grupit të “Javna soba” në Telegram, ku gjendeshin mijëra nxënës të shkollave të mesme që ndanin foto eksplicite të bashkëmoshatareve të tyre, një pjesë e madhe e tyre të mitura.
Grupi ende ekziston, me emër të ndryshuar, por shumë përdorues janë larguar. Tani ka rreth 4100 anëtarë. Ndërkohë, disa prej tyre janë duke kaluar në grupe të tjera të Telegram, ose në një platformë krejt të re, rrjetin e gejmerëve “Discord”.
Rasti “Telegram” është sajber dhunë, megjithatë nën-konteksti është dhunë me bazë gjinore
Ana Poprizova, profesoreshë dhe psikologe e shkollës, thotë se nuk është e para që dëgjon për “chat” grupe të tilla. Sidoqoftë, ajo që e habiti atë ishte numri i madh i njerëzve të përfshirë në grup. Në çfarë mase arsimi është i përgatitur t’i përgjigjet sfidave të tilla, e përmend Rregulloren për masat pedagogjike me të cilat punojnë shërbimet profesionale. Herën e fundit është ndryshuar në 2005.
“Ndërkohë shumë gjëra kanë ndryshuar në shoqëri dhe ne nuk mund të funksionojmë vetëm në bazë të kësaj rregulloreje, as në nivelin e parandalimit dhe as në nivelin e ndërhyrjes. Është e nevojshme të përpilohen politika të plota, strategji, këtu bëhet fjalë për sajber dhunë, megjithatë nën-konteksti është dhuna me bazë gjinore. Ne na nevojiten përgatitje të procedurave dhe politikave për ta luftuar dhunën me bazë gjinore dhe për siguri në internet”, thotë ajo.
Falë kujdesit të mësuesve dhe profesionistëve të caktuar, si dhe projekteve të jashtme, në disa shkolla, qoftë në klasë, apo si aktivitete të lira, këto tema përmenden. Por a mjafton kjo? Sigurisht jo, tha Poprizova, e cila sqaron se në arsim insistohet në futjen e teknologjisë, por lihen pas dore segmentet e tjera, përfshirë njohjen e dhunës në internet.
Sipas psikologut, vajzat që janë më shpesh të ekspozuara ndaj kësaj situate janë nën stres të konsiderueshëm. Këto gjendje, thotë ajo, kanë pasoja të rënda në psikikën e të riut. Ajo gjithashtu shton se është e nevojshme futja e edukimit seksual gjithëpërfshirës për të kuptuar kontekstin e dhunës me bazë gjinore.
“I bëj thirrje çdo prindi që të flasë me fëmijën e tyre për t’i dhënë mbështetje, për t’i thënë se ajo që u ndodhi është e sigurt që ta ndajnë problemin sa më shumë, fëmijët dhe prindërit e tyre duhet të kërkojnë ndihmë. Kjo ndihmë duhet të jetë në shumë nivele, por le të fillojmë duke i’u drejtuar shkollave që aktualisht janë më të informuara sesa mediat ”, tha Poprizova.
Sipas saj, do të ishte e përgjegjshme dhe e nevojshme që Ministria e Arsimit, Ministria e Shëndetësisë, Ministria e Punës dhe Çështjeve Sociale dhe Ministria e Punëve të Brendshme të reagojnë menjëherë dhe të punojnë me studentë të nxënës në raste të tilla si “Javna soba”, së bashku me prindërit e tyre dhe shkollat. Sidoqoftë, thotë ajo:
“Nuk pres që institucionet të reagojnë, por nëse ndodh kjo, unë do të befasohem pozitivisht.”
Edukimi seksual gjithëpërfshirës nuk është marrëzi “enjoy”
Pas raportimeve në media për ekzistencën e grupit të “Javna soba” në Telegram, MPB dha përgjigje të menjëhershme se çështja ishte duke u hetuar. Zëvendës Ministrja e Punës dhe Politikës Sociale, Sanella Shkrielj, tha dje se ata po veprojnë në bashkëpunim me MPB, si dhe se tashmë janë marrë vesh me MASH për shërbime profesionale që të ndërmerren masa në shkolla.
Sidoqoftë, MASH nuk zbulon nëse dhe cilat masa specifike janë duke u marrë për t’i zvogëluar pasojat e “Javna soba” në shkollat. Ata vetëm theksojnë se deri më tani janë punuar shumë projekte, brenda dhe jashtë shkollave për t’i informuar nxënësit për përdorimin e Internetit.
Irena Cvetkoviq nga koalicioni “Margini” mendon se reagimi i shpejtë nga MPB nuk është i mjaftueshëm.
“Duke pasur përvojë të punoj me shkollat e mesme kryesisht në Shkup, vetëm unë di të paktën 10 grupe të tilla që janë aktive dhe përmes të cilave rrjedhin materiale të tilla. Dhe nëse i mbyllin të gjitha, për dy muaj, fëmijët prapë do t’i gjejnë kanalet e tyre për ta vazhduar “argëtimin” e tyre. Ndoshta për shumë njerëz është e çuditshme që disa njerëz në FB i fajësojnë vajzat që janë viktima të një prej formave më brutale të dhunës, por futuni në një shkollë të mesme ose fillore dhe hapni temën mes të rinjve dhe vetëm atëherë do të tronditeni. Mbi 90% e të rinjve fajësojnë vajzat për veprimet, dhe shumë besojnë se viktimat nuk janë viktima por gëzojnë “famë”, shkroi ajo në profilin e saj të FB.
Cvetkoviq e përcakton Ministrinë e Arsimit si një institucion kryesor, detyra e të cilit është të gjejë shkaqet e kësaj sjelljeje, të modifikojë dhe mbi të gjitha, t’i mbrojë të gjitha viktimat e tilla. Edukimi seksual gjithëpërfshirës, thotë ajo, nuk është marrëzi “enjoy”
“Mund të vendosni një mijë kamera në shkolla, mund të sillni sigurinë më të mirë, e gjithë kjo është e kotë. Bisedoni me fëmijët, fuqizoni ata, mësojini për seksualitetin e tyre, të drejtat dhe detyrimet e tyre, mësojini për empati dhe solidaritet dhe lejoni tu ndihmojnë ata që kanë njohuri dhe ekspertizë në atë fushë”, thotë ajo.
MPB: Telegram duhet të ndërmarrë masa
Zëdhënësi i Ministrisë së Punëve të Brendshme Toni Angelovski thotë se Sektori i Krimit Kompjuterik ka bërë kontakt me rrjetin “Telegram”.
“Janë kërkuar dhe mbledhur informacione të rëndësishme për hetimin dhe është njoftuar Prokuroria Publike. Tani po punojmë për spastrimin e çështjes, “thotë Angelovski.
Pastaj, shtoi ai, në bashkëpunim me PTP, do të konstatohen veprat penale dhe do të ngrihen kallëzime penale, të cilat do t’i përcaktojë gjykata.
“Ne mund të hetojmë rastin dhe të parashtrojmë kallëzim penal ose kallëzim tjetër përkatës, kundër kryerësit. Nëse pyetja ka të bëjë me bllokimin e grupit, tashmë është në kompetencat e rrjetit social tek i cili janë postuar. Për shkak se ne nuk kemi kompetenca mbi të, për shembull, serverët e Facebook janë në Amerikë. Çfarë kemi bërë në këtë rast? Ju drejtuam Telegram-it dhe i njoftuam se ata kishin një grup që ndante përmbajtje pornografike, të paligjshme dhe ndonjëherë edhe kërcënime terroriste ndaj sigurisë, “thotë Angelovski.
Për momentin, shton ai, Telegram duhet të ndërmarrë masa.
“Ne nuk mund të fshijmë askënd sepse nuk kemi kompetenca. MPB nuk fshin. MPB thjesht informon kompaninë që duhet të veprojë, dhe sinqerisht deri më tani me Facebook dhe Instagram kemi pasur një bashkëpunim të shkëlqyeshëm. Kur u tregojmë atyre veçanërisht për gjëra të tilla … Dhe ata kanë rregulla se çfarë mund të postohet dhe çfarë jo”, thotë ai.
Ivana Smilevska
Jasmina Jakimova