Средношколците ја живеат „Јавна соба“, возрасните не знаат што им се случува, а институците сѐ уште се незаинтересирани за наоѓање решенија, со кои ќе се стави клуч на ваквите проблеми. За темите како сајбер булинг, сексуално образование или медиумска писменост, се учи инцидентно, преку работилници и надворешни проекти кои не се дел од формалното образование. А кога има проблем, ретко се пријавува, поради страв, срам, неприфаќање.
Во емисијата „Јасно и гласно“, искрено за своите проблемите, но и за можните решенија, зборуваат средношколките се Клементина Аврамовиќ, од „Сојузот на средношколци“ и „Емилија Митовска“ од иницијативата „Share“, но и со психологот Гордана Блажевска Спиридонова од гимназијата „Никола Карев“.
Постои ли клуч за „Јавна соба“
Ја следите емисијата „Јасно и гласно“ на Радио МОФ, во која, инспирирани од случајот Јавна соба, зборуваме за тоа колку младите се едуцирани за да се справат со сајбер булингот, зошто се случи „Јавна соба, но и дали може да биде сопрена. Гости во студиото на Радио МОФ се Клементина Аврамовиќ, од Сојузот на средношколци, Емилија Митовска од иницијативата Шер, која работи на подигање на свеста на менталното здравје, но и психологот Гордана Блажевска Спиридонова од гимназијата „Никола Карев“. Следете не!
Posted by Радио МОФ on Friday, 31 January 2020