Багерите доаѓаат во Тафталиџе. Ќе се гради станбена зграда на местото на детското игралиште и паркот помеѓу улиците Мекстичка и Хелсинки. Жителите се револтирани, а по рушењето на игралиштето, тие со своите возила го блокираа единствениот пристап до него. Протестот е најавен до МВР, а повикаа и на граѓанска непослушност.
Детското игралиште заедно со споменикот-Мексиканската пирамида стои овде речиси половина век, како донација од мексиканската влада по скопскиот земјотрес.
Нашата екипа излезе на терен во петокот, жителите на Тафталиџе тогаш ни ја раскажаа својата мака.