Учениците се жалат на грешки во екстерното, директорите смируваат

Додека учениците се жалат на проблеми со компјутерите и прашањата, паднати системи и неизучени теми, директорите на училиштата во Тетово ги смируваат реакциите на учениците за екстерното оценување, за кои велат дека се „револт кон оценувањето, а најмалку за проблеми“, за кои директорите велат дека ги немало.

„Тоа е обичен бунт на учениците против екстерното, а не поради проблеми“, вели директот на едно од средните училишта, кој надополни дека во неговото училиште процесот се одвивал без поголеми пречки, а се соочиле само со проблеми со  временската рамка.

Учениците се жалат на грешки во екстерното, директорите смируваат

Но, наставниот кадар не мисли исто како и учениците. Според нив, прашањата биле премногу лесни, а потребно било само логично размислување.

Револтирани од прашањата кои немаат врска со наставата,  до редакцијата на Радио МОФ доставија прашања кои сметаат дека се надвор од темите. Еве еден пример:

Акробатот, своите активности ги изведува во:

  • театар
  • кино
  • циркус
  • училиште

Прашањето за работата на акробатите било поставено на тестот по македонски јазик, минатата среда (29 мај). Се обративме и до наставниците по македонски јазик, кои тврдат дека прашањето е воннаставно, но најблиску до категоријата „речник и стил“, каде учениците ќе го надоградуваат својот речник. Но, другите наставници не мислат така, според некои прашањата биле логични и „бегале“ од темата, а според други прашања имало и од темите и надвор од нив и тие биле пристрасно поделени кон одредени теми, а од поважните теми дури и немало прашања.

Но, проблеми со прашањата имало најмногу минатиот понеделник, на екстерното оценување по предметот математика, каде на некои прашања немало понудено одговори или не се читале јасно буквите. Дел од тетовските наставници по математика и самите биле сведоци на проблемите со прашањата, иако не биле тестатори.

„И нам учениците ни приложија прашања кои успеале да ги запомнат, кои според нивните твдења, дел биле на српски, а дел со пропусти, а тоа беше запишано и во забелешките на колегите-тестатори“, вели наставничка по математика за Радио МОФ. Како што истакна таа, и нејзините колеги наставници биле против екстерното, но гледале и добри страни во него.

Иако првично, како што информираше МОН, немаше да има губење на часови, во тетовските училишта првите 3 часа траат по 30 минути, четвртиот по 60 минути, а после четврти, учениците одат дома.

И покрај неколкуте протести во Тетово, екстерното оценување започна во понеделникот, а останува уште неколку илјади ученици да ја кликнат опцијата „крај“, и да го завршат екстерниот тест.

М.В.