Македонските интернет корисници најмногу пребарувале на „Гугл“ за годинешните Оскари во изминативе 24 часа. Ова го покажуваат податоците објавени на веб-страницата „Гугл трендс“.
„Северна Македонија, домот на номинираниот филм „Медена земја“ е прво место во светот од кое се пребарува за наградите“, се вели во објавата.
North Macedonia, home to #Oscars nominated movie #Honeyland, is the top place on earth searching for the awards right now.
Get more data here: https://t.co/AhkVG7YqNf pic.twitter.com/pl4XhVpGZ0
— GoogleTrends (@GoogleTrends) February 6, 2020
Но, иако на веб-страницата стои појаснување дека овие податоци покажуваат на која локација пребаруваниот термин е популарен во одредениот термин, повеќе македонски медиуми ја пренесоа веста сосема спротивно – дека Северна Македонија е таа што е најпребарувана на „Гугл“ поради номинациите за Оскарите.
Според трендовите на „Гугл“, во категоријата за најдобар филм на Оскарите, најмногу се „гуглале“ номинираните „Паразит“ и „1917“. Скарлет Јохансон и Леонардо ди Каприо, пак, се меѓу најпребарувани од номинираните за најдобри актери.
Македонскиот документарен филм е кандидат за Оскар во две категории – за „ Најдобар документарен филм“ и за „ Најдобар Интернационален филм“.
Свеченото доделување на наградите ќе се одржи во недела во Лос Анџелес.
* Оваа содржина е изработена со помош на Европската Унија во рамките на Проектот за младинско изразување. За објавените содржини е одговорен Младински образовен форум и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.