Германската влада усвои предлог-закон со кој се бара социјалните мрежи како Фејсбук и Јутјуб да пријавуваат до полицијата одредени форми на говор на омраза.
Според предлогот, кој го усвоиле германските министри, интернет платформите ќе мораат да пријавуваат до надлежните крајно-десничарската пропаганда, графички прикази на насилство, убиства или закани за силување, објави за тоа дека некој подготвува терористички напад, или дистрибуирање слики од сексуална злоупотреба на деца, јавува Асошиејтед Прес, пренесува Ал Џазира Балканс.
Социјалните мрежи веќе законски мораат да ги бришат таквите објави.
Мерките сега треба да ги усвои германскиот парламент, а во нив се предвидува и проширување на кривичната одговорност за говор на омраза, во која е предвидено да се вклучи и закана со силување, оштетување на имот или говор на одобрување на сериозни кривични дела. Предвидени се поголеми казни и кон кривични дела мотивирани од антисемитистички побуди.
* Оваа содржина е изработена со помош на Европската Унија во рамките на Проектот за младинско изразување. За објавените содржини е одговорен Младински образовен форум и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.