„Февруарски хардкор панк поход“ вечер во „Маракана“

Во клубот „Маракана“ вечер (29 февруари) ќе се одржи „Февруарски хардкор панк поход“.

Според организаторите Pucha Alkos, се работи за D.I.Y. свирка која ретко се случува, a ќе настапуваат „Тотални промашај“ и „Дисклес“.

„’Тотални промашај’ oд Краљево е еден од легендарните и стари ха-це панк бендови од бившата ЈУ панк сцена. Во 90-ите години од минатиот век бендот има издадено два албуми „Ја чу бити ја“ и „Мисли својом главом“, прекинуваат со активност и повторно се враќаат на сцената во 2014-та година“, стои во најавата за свирката.

„Дисклес“, пак, е домашна поддршка. Ова е еден од старите анархо панк бендови од Скопје.

Настанот почнува од 21 часот, а влезот е 100 денари.