Преку изложби, проекции, работилница, дебата и настапи од 6 до 9 март во Младинскиот културен центар, Кинотека и Униферзитетот ЕФТА ќе бидат одбележани годинешните 11-ти „Вечери на женски права“.
Вечерите, под покровителство на Град Скопје, ќе стартуваат на 6 март во МКЦ, каде во Галеријата од 19 часот ќе биде отворена меѓународната ликовна изложба од повеќе автори – „Будење“. Истовремено, во фоајето на „Фросина“ ќе има и изложба на студенска фотографија „Кршење на обрасците“.
Во киното „Фросина“, пак, од 20 часот ќе се одржи дебата модерирана од Ана Јовковска. Гости-дебатери ќе бидат Ленче Здравкин, хуманистка и активистка, Бојан Јовановски, поранешен извршен директор на ХЕРА, потоа активистката и феминистка Љуљета Адеми и поетесата Ана Голејшка.
Потоа таму следи проекцијата на филмот „Дневникот на Дијана Будисављевиќ“, но и настап на „Киклоп“ со нумери од женски изведувачи.
Следниот ден, 7 март, на Универзитетот ЕФТА во Скопје од 11 часот е закажана работилницата „Мајчинство, репродуктивни права и креативност“ од Елена Марчевска, професорка за драма и перформас на Универзитотот Лондон Соутбенк.
„Работилицата посебно ја препорачуваме за студенти по актерска игра, родови студии и теорија на уметноста и ќе има пошироко обраќање до публиката заинтересирана за мајчинство, грижа за децата, креативност и психоанализа“, се вели во најавата за настанот.
На Меѓународниот ден на жената, 8 март, во Кинотека од 20 часот ќе има проекција на филмот „Куќа на малата ѕвезда“ на хрватската режисерка Слаѓана Лучиќ, по што следува разговор.
Финалниот ден од „Вечерите на женски права“, 9 март, во Кинотека е резервиран за проекцијата на филмот „Отворена врата“ на Флоренс Папас од Албанија.
Целата детална програма може да ја видите ТУКА.