Стотина студенти од „Медицинскиот факултет“ даруваа крв во склоп на акцијата со Институтот за трансфузиона медицина „Blood bank – TENK“, на крводарителската акција која се одржа на 5 март.
Радио МОФ разговараше со Јасин Рустеми и Андреј Костурски, студенти и претставници на Факултетското студентско собрание на Медицинскиот факултет.
Рустеми е еден од организаторите на акцијата и вели дека таа е организирана со цел да се поттикне свеста кај медицинарите кои треба да се предводници на ваквите акции, имајќи предвид дека постарите лице се најчестите крводарители.
„Задоволни сме и од бројот на студентите, но и од Институтот за трансфузиона медицина, досега крв даваа неколку стотина студенти“.
Иако оваа акција беше отворена само за студентите на Медицинскиот факултет, идејата е ваквите крводарителски акции да се одржуваат два пати годишно, но и да бидат отворени за сите студенти, вели Андреј Костурски, член на ФФС.
„Акцијата треба да се прошири на ниво на Универзитет и да прерасна во „натпревар“ помеѓу студентите – кој би бил похуман“, истакна Костурски.
https://www.facebook.com/RadioMOF/videos/610362572844784/