Предвремените парламентарни избори закажани за 12 април влегуваат на непознат терен поради епидемијата на коронавирусот Ковид – 19. Колку е паметно да се одржат изборите, како ќе изгледаат кампањите, што ќе биде главната тема? Сите овие прашања лебдат во воздух додека на сила се превентивните мерки со кои Владата се обидува да го намали ширењето на вирусот.
Ова ќе бидат веројатно први избори од независноста во кои политичарите повеќе ќе комуницираат онлајн отколку офлајн со граѓаните.
Во овој Мегафон дискутираме за тоа што младите очекуваат од изборниот процес.
Екипата на Радио МОФ, во согласност со здравствените препораки, подкастот го подготви работејќи од дома. Останете и вие на сигурно и, секако, редовно мијте ги рацете.