Младата музичарка Мартина Баракоска одбра свои #ПетАлбумиЗаПоДома, со свој краток коментар за музичките остварувања:
Прв пат го слушнав во средно, еден од „all time favorite“ албумите. Ми отвори нов свет уште од првото слушање :)
Лудило албум, еден од поомилените артисти во моментов.
3.Jorja Smith – Lost & Found (2018)
Албум што можам во секое можно расположение да го слушам и да ми е убаво.
Албум со прекул бубњеви и мелодии, многу забавен, исто така ми отвори нов свет, вреди да се чуе!
5.Fatoumata Diawara – Fenfo (2018)
Албум што моментално го слушам, благодарност до Драги Иванов :)
Имам и бонус, бидејќи сум неодлучна: 6. Tom Misch – Geography и 7. NPR Tiny Desk-от на Harry Styles.
– – – – – –
Радио МОФ започна нова рубрика #ПетАлбумиЗаПоДома, со цел да се грижиме за општото културно и ментално здравје. Ќе објавуваме по пет музички албуми, избор на разни личности, од различни профили и генерации, за да слушнеме нешто што не сме чуле, или да се навратиме на заборавени музички парчиња. Идејата е да дадеме смисла на времето во изолација, да го култивираме просторот со изданија што се „вртат“ по дома. Без жанровски ограничувања во изборот, старо или ново, туку чисто музика за секој ден, во секое време. Луѓето да ни кажуваат кои пет албуми ги сакаат, и зошто ги сакаат.
Досега се објавени #ПетАлбумиЗаПоДома на:
Ѕвездан Георгиевски
Петар Антевски
Сара Цветкоска