“Murder Most Foul” е 17 минутна песна посвeтена на атентатот на Џ.Ф. Кенеди.
Боб Дилан ја објави првата песна после осум години, посветена на атентатот на претседателот Кенеди. Слушнете ја новата балада посветена на темниот ден во Далас.
Дилан ги изненади своите обожаватели кога на својот „Твитер“ профил ја сподели новата песна.
Greetings to my fans and followers with gratitude for all your support and loyalty across the years.
This is an unreleased song we recorded a while back that you might find interesting.
Stay safe, stay observant and may God be with you.
Bob Dylanhttps://t.co/uJnE4X64Bb— bobdylan.com (@bobdylan) March 27, 2020
„Поздрав до моите обожаватели и следачи, ви благодарам за целата ваша поддршка и лојалност. Ова е едн необјавена песна која ја снимивме пред извесно време и мислиме дека ќе ве заинтересира. “, напишал Дилан.
Песната содржи број нa референци за културни фигури и настани, особено за 60тите и70тите години. Дилан се навраќа кон раниот хит на „Битлси“ – „I want to hold your hand“, Петси Клајн, Вудсток и Стиви Никс.
Последниот студиски албум на Дилан е „Tempest“, кој беше објавен во 2012 година. Оттогаш, тој сподели најразлични иzданија, како „Shadows in the night“ во 2015, „Fallen Angels“ од 2016 и „Triplicate“ во 2017 година.
Извор: Pitchfork