Продуцентот и диџеј, еден од основачите на TRAP DA FUCK UP, Драган Иванов – Druggy одбра свои #ПетАлбумиЗаПоДома, со свој краток осврт кон музичките остварувања:
1.RUN DMC – Raising Hell (1986)
Ова е првата група што ме натераа да се заинтересирам за хип-хоп и музика воопшто. Најзаслужен бенд за тоа хип-хоп музиката да стане светски популарна, а најголем допринос во тоа има нивниот трет албум. Одлична комбинација на хип-хоп и рок.
2.The Prodigy – The Fat of The Land (1997)
Третиот албум на момците од Есекс е и мојот омилен. Поставија нови стандарди за тоа каде може да оди електронската музика. Спој на се’ што ми ја ежи кожата. Моќни бас линии, скршени ритмови, грајми синтисајзерски мелодии и големо хип-хоп и панк влијание.
Албумов донесе нова ера во хип-хоп музиката и постави нови стандарди во музичката продукција. Вториот албум на Докторот изобилува со гостувања од легенди во West Coast рап сцената. Изваден е по неговото расчистување со продавањето на гангстерски живот и претставува едно созреано гледање на работите. Хит до хит!
4.Chase and Status – More Than a Lot (2008)
Првиот албум на Chase and Status е вистинско ремек дело. Издаден за мојата омилена dnb издавачка куќа – RAM Records, албумот претставува одлична комбинација од Drum`n`Bass и Dubstep, па и една одлична хип-хоп трака се најде на него. Овој проект одлично го отсликува влијание кој го има бендот од повеќе жанрови од електронската UK сцена.
5.Skepta – Ignorance is Bliss (2019)
Човеков го направи UK грајм звукот популарен и преку океанот. Овој албум ми е еден од најомилените албуми од минатата година. Вистинска свежина во се поедноличниот мејнстрим звук на модерниот хип-хоп.
Да се разбереме. Ова не ми се омилени албуми, туку само мал избор од нив :)
Сакате да слушнете повеќе? Проверете го мојот избор на 20 албуми вредни за преслушување кој морав да го направам два пати :) Топ 20 (1) Топ 20 (2)
– – – – – – – – – –
Радио МОФ ја започна рубриката #ПетАлбумиЗаПоДома со цел да се грижиме за општото културно и ментално здравје. Објавуваме по пет музички албуми, избор на разни личности, од различни профили и генерации, за да слушнеме нешто што не сме чуле, или да се навратиме на заборавени музички парчиња. Идејата е да дадеме смисла на времето во изолација, да го култивираме просторот со изданија што се „вртат“ по дома. Без жанровски ограничувања во изборот, старо или ново, туку чисто музика за секој ден, во секое време. Луѓето ни кажуваат кои пет албуми ги сакаат, и зошто ги сакаат.
Досега се објавени #ПетАлбумиЗаПоДома на:
Ѕвездан Георгиевски
Петар Антевски
Сара Цветкоска
Мартина Баракоска
Сара Миленковска
Златко Ѓелески
Горан Костовски – Индог