По повод вчерашниот Светски ден на Ромите, екипа од млади деца свират, пејат, цртаат и играат на верзијата што ја направија од ромската песна „Џелем, Џелем“.
Како гости и поддршка во видеото се појавуваат и познатите македонски музичари Сара Мејс, Зарина Првасевда и Јован Дукмеџиев.
Иницијатор на акцијата е новоформираната организација за поддршка на уметноста „Мултиромарт”.
Светскиот ден на Ромите се одбележува во чест на првиот Светски конгрес на Ромите, одржан од 8-12 април 1971 година во Лондон, кога се сретнале претставници на Ромите од 14 земји во светот.
Во продолжение, прочитајте ги предизвиците со кои се соочува дел од ромската заедница во време на пандемијата од Ковид-19. За онлајн образованието зборуваат Омер Шабан, кој пред повеќе од две години заедно со уште неколку свои врсници од основното училиште „Браќа Рамиз и Хамид“ во Шуто Оризари го формираа бендот „Roma Rock School“ и Сибел Бајрам, наставничка по англиски јазик во ООУ „26 Јули“ во Скопје и претседателка на неодамна формираното здружението на жени Ромки „Лачо Диве“.
Вреднување на знаењето и менување на негативните наративи во општеството, бараат младите Роми