Никола Цанев – Цене, скопски лик, колекционер и еклектичен уживател на музика, одбра #ПетАлбумиЗаПоДома, со свој краток осврт кон музичките остварувања:
1.Future Sound Of London – Dead Cities (1996 – Astralwerks/Virgin Records)
Ова е за мене една безвременска класика во електронската музика. Албум кој можам да го слушам секојдневно, а да не ми здосади. Толку е разноврстен и полн со хард кор електроника, амбиент, трип хоп, што самиот албум го доживувам како да сум во некое футуристичко општество, а се’ околу мене се руши од една страна, а од друга страна, како пешачам сам низ некоја прашума и ги слушам звуците од природата. Е тоа е албумов!
2.The Dillinger Escape Plan with Mike Patton – Irony Is A Dead Scene (2002 – Epitaph Records)
Ова е ЕP од четири песни за главотрескање, од кој и партали каверот на познатата Come To Daddy на Aphex Twin. Скршени ритмови, математички презицно, дерњава на Патон, меланхолично пеење на Патон, ова е едно ремек дело кое го имав заборавено подолго време, меѓутоа ми текна кога останавме вака во карантин сега. Одлично EP за да се истури целата нервоза меѓу четири ѕида (нормално, не и да утепате член од семејството дома, хаха), за кога сра*ето станува тешко!
3.Carbon Based Lifeforms – Hydroponic Garden (2003 – Ultimae Records)
Првиот албум од моите неприкосновени цареви за амбиент и чил каков што сакам, не досаден! Бидејќи периодов работам и од дома, затворен, пред компјутер, албумов е одлична вожња додека работам, да се замислам дека сум надвор, во природа, чак и у вселена :) Од друга страна, колку и да е меланхоличен на моменти, сепак како целина ми е „не се секирај, се’ ќе биде топ на крај“. Топло препорачувам за периодов кога сме дома, додека работиме, да шиба у позадина!
4.R.E.M. – The Best Of R.Е.М. (In Time 1988-2003 Concord Records)
Тие што ме познаваат знаат дека R.E.M. ми се прва љубав и бенд со кој буквално почнав да слушам музика. Нема што да се каже за нив повеќе што не е кажано, сите им ги знаете хитовите. Компилацијава ми е супер и за меланхолични денови и за депресивни денови и за сончеви и позитивни денови, особено периодов, доста ги слушам пак. Си има за секој по нешто, од повеќето албуми компилацијава.
5.Turbonegro – Party Animals (2005 – Burning Heart Records/Bitzcore Records/Abacus Recordings)
Тие што ги знаат ги знаат, ти што не, нека ги дознаат одма, особено албумов! Норвежани се, стар бенд, шибаат рок, глем, хард рок, панкерица шта ти ја знам што све не, не ги дефинирам. Самото име на албумов си го кажува своето. Пуштете го и рипајте низ дома, шуткајте се со себе или најблиските, „трескајте“ се и радувајте се меѓу четири ѕида.
п.с. Има скриена трака на крајот на албумот, па или имајте трпение, или мотајте да јa фатите :)
– – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – –
Радио МОФ ја започна рубриката #ПетАлбумиЗаПоДома со цел да се грижиме за општото културно и ментално здравје. Објавуваме по пет музички албуми, избор на разни личности, од различни профили и генерации, за да слушнеме нешто што не сме чуле, или да се навратиме на заборавени музички парчиња. Идејата е да дадеме смисла на времето во изолација, да го култивираме просторот со изданија што се „вртат“ по дома. Без жанровски ограничувања во изборот, старо или ново, туку чисто музика за секој ден, во секое време. Луѓето ни кажуваат кои пет албуми ги сакаат, и зошто ги сакаат.
Досега се објавени #ПетАлбумиЗаПоДома на:
Ѕвездан Георгиевски – Петар Антевски – Сара Цветкоска – Мартина Баракоска – Сара Миленковска – Златко Ѓелески – Горан Костовски – Индог – Драган Иванов – Druggy – Катериња – Милчо Манчевски – Калиа Димитрова – Ивана Маркоска – Tōkyō de Ville – Митко Гогов – Ерина Богоева – Јасмина Јонуз – Давид Николовски – Ива Јованова – Игор Јадровски – Горјан Јовановски – Христина Ѓорѓиевска