Изет Бучо е човекот кој го преживеал тешкото ранување во војната во БиХ во деведесеттите години, а во 2019 година беше дел од тимот кој ја освои престижната награда „Оскар“ за визуелни ефекти во филмот „1917“.
„1917“ е само еден од филмовите на кои има работено, неговото дело е присутно и во филмовите: „Lion King“, серијалот за „Harry Potter“, „Robin Hood“, „Wonder Woman“ итн.
„Ако не сонуваш, големи работи не можат да се случат“. Тој сега живее во Лондон, а на младите им порачува да го пронајдат тоа што сакаат да го работат, цврсто да ја сакаат својата професија и успехот ќе се појави.
На кои филмови сте работеле до сега, бидејќи нашата публика воопшто не ве познава и како беше да се работи на овој последен воедно и најуспешен филм?
Целата мојата работа е поставена онлајн, на вебсајтот „IMD“ од почетокот на мојата кариера, од кога почна се’ во филмската индустрија од 2005 година.
Од проектите на кои работев, како што е моментално познато, „1917“ е еден голем успех, далеку најголем успех во мојата филмска кариера. Во последниот период го изгработивме „Lion King“ кој беше во иста категорија, номиниран е за „Оскар“. Потоа „Ad Astra“ работен од Бред Пит, „1917“ е 48 проект на којшто сум работел, така што листата е доста долга.
Кои се главните предизвици со кои се среќавате во вашата професија?
Секој проект на кој работиме влече еден дел од предизвикот, кој можеби порано не сме го работеле, мислам дека тоа e една голема магија во оваа професија, да работиш нешто, секој пат, секој проект кој го работиме има предизвик, така што многу е тешко да се оддели што е тоа и како е, додека ние не се соочиме со тоа.
Искрено кажано за „1917“ најголем предизвик беше да се направи целиот филм во една камера, што треба да се изведе и како, бидејќи процесот на работењето на ова е доста комплициран, дури мораа да се прават посебни камери за снимање на овој филм. Најголемата работа беше пред – продукцијата, тоа е дел од работата на самиот почеток, каде се’ мораше да биде организирано и пресметано во метар и милиметар, должината на снимката (shot), и движењето и разговорот на актерите.
Што мислите вие, што е клучот на успехот, конкретно вашиот успех?
Тешко е точно да се каже што е тоа. Јас мислам најголемата работа е да имаш, и да најдеш нешто во животот, она што го сакаш и да бидеш упорен во која било работа која ја работиш и да не се откажуваш, да не се откажуваш брзо ако нешто не се случи така како што си планирал.
Ние секогаш имаме планови и сакаме тие да ни’ се остварат, но реалноста е таква да се’ во животот не оди баш онака како посакуваме, јас мислам дека дел од успехот е човекот да не се откажува и да продолжи да работи во текот на својата кариера.
Кој е вашиот совет за младите луѓе на Балканот, чии професионални соништа и амбиции се неостварливи во државата во која живеат, знаете дека има многу професии кои едноставно не можеш да ги работиш во нашите држави, така што многумина се откажуваат и го учат тоа што се бара, а не тоа што го сакаат?
Доста комплицирано прашање за мене, кој не живеам на тие простори. Имајќи го предвид тоа дека за што било во животот, човекот да сака да се определи да работи, прво мора да најде услови дали е тоа изводливо да се работи во средината во која тој се наоѓа.
Колку што ми е познато сега постојат компании во Сараево или во БиХ или на Балканот, кои се занимаваат со тие работи, дури има и успеси и резултати од нивна страна што значи дека постои, дека е возможно.
Со што сакаат да се занимаваат, тоа што претходно го споменав, многу е важно да го најдеш тоа што сакаш да го работиш и да се држиш до тоа.
Во многу случаи слушав како луѓето велат, не треба премногу да се сонува бидејќи што се случува на крај ако сонот не се исполни, јас мислам дека тоа е е сосема погрешно размислување. Јас мислам дека ако не сонуваш, големи работи не можат да се случат, така што секој кој сака да успее во нешто, мора да има малку некој сон и љубов спрема тоа што сака да го работи, и нормално резултатите ќе се покажат.
Работата е во тоа што ништо не може да се случи толку брзо и преку ноќ, ниту мене не ми се случи така брзо, така што им посакувам само цврсто да го сакаат тоа што сакаат да го работат.
*Интервјуто е направено од Самра Ѓурѓевиќ во рамки на Новинарскиот клуб на Радио МОФ раководен од новинарот Огнен Јанески