Уште од моментот кога започна да се појавува 5Г технологијата, се појавија најразлични теории на заговор кои ја поврзуваа најновата генерација на мобилна технологија со секакви здравствени проблеми. Неодамна, таа беше поврзана и со глобалната пандемија на Ковид-19.
Дезинформациите поттикнаа и поединци да уништат мобилни кули во различни европски земји. Во својот најнов обид да се справи со ширењето на лажни информации поврзани со коронавирусот и 5Г мрежата, Твитер го прошири своето упатство за Ковид-19 каде ја вклучи и оваа тема.
„Ние даваме приоритет на отстранувањето на содржина за Ковид-19 кога има повик за акција што може да предизвика штета“, изјави портпаролот на компанијата за TechCrunch.
„Како што рековме претходно, нема да преземеме акција врз секој „твит“ што содржи нецелосни или спорни информации за Ковид-19. Од воведувањето на овие нови политики на 18 март, отстранивме повеќе од 2.200 твитови. Како што се удвоивме во технологијата, нашите автоматски системи имаат оспорено повеќе од 3,4 милиони сметки кои беа насочени кон дискусии околу Ковид-19 со спам или манипулативни однесувања“, додава тој.
Од компанијата претходно соопштија дека ги прошируваат нивните правила при споделување непроверени тврдења кои ги поттикнуваат луѓето да се впуштат во штетна активност и кои може да доведат до уништување или оштетување на инфраструктура на 5Г мрежа, или може да доведе до раширена паника и социјални немири.
We have broadened our guidance on unverified claims that incite people to engage in harmful activity, could lead to the destruction or damage of critical 5G infrastructure, or could lead to widespread panic, social unrest, or large-scale disorder.
— Twitter Safety (@TwitterSafety) April 22, 2020
* Оваа содржина е изработена со помош на Европската Унија во рамките на Проектот за младинско изразување. За објавените содржини е одговорен Младински образовен форум и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.