Централноевропскатa програма за студентска размена во областа на универзитетските студии, ЦЕЕПУС, објави конкурс за стипендии за студиски престој во земјите-учеснички во Програмата, чија цел е да промовира мобилност на студенти и на наставен кадар, како и соработка, т.е. развивање заеднички програми што водат кон заеднички дипломи (joint degrees).
Во академската 2013-2014 година, Програмата ги вклучува следниве високообразовни институции од Македонија:
1. Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ од Скопје:
Филолошки факултет, Катедра за славистика;
Филолошки факултет, Катедра за преведување и толкување — англиски јазик;
Филолошки факултет, Катедра за германски јазик и книжевност;
Медицински факултет;
Факултет за ветеринарна медицина;
Машински факултет;
Природно-математички факултет, Институт за математика;
Природно-математички факултет, Институт за хемија;
Природно-математички факултет, Институт за етнологија и антропологија;
Природно-математички факултет, Институт за географија;
Факултет за земјоделски науки и храна;
Економски факултет;
Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство;
Филозовски факултет, Институт за историја на уметност и археологија;
Градежен факултет, Катедра за техничка механика и јакост на материјалите;
2. Универзитетот „Св.Климент Охридски“:
Технички факултет, Катедра за сообраќајно-транспортно инженерство;
Факултет за администрација и менаџмент на информациски системи;
3. Државен универзитет во Тетово, одТетово, преку следниве факултети:
Факултет за медицински науки;
Економски факултет;
4. Институт „Евробалкан“ од Скопје:
Византолошки студии;
Студии на Југоисточна Европа;
Студии на културата.
Крајниот рок за аплицирање за зимскиот семестар во академската 2013-2014 година е 15 јуни 2013 година, а пријавувањето се прави преку официјалната интернет страница на Програмата.